Gucci претставува поинаква перспектива: Пристигнува нова верзија на култната Horsebit торба од 1955 година.

popara2 ноември, 20234min00
Познатата пејачка Били Ајлиш носи чанта „Horsebit“ на Gucci во нова кампања

Познатата пејачка Били Ајлиш носи чанта „Horsebit“ на Gucci во нова кампања,но овој пат таа е направена од одржливи материјали.

Новиот креативен директор Сабато Де Сарно минатиот месец ја претстави својата нова колекција,како и новиот код на модната куќа.Имено, чантата од 1955 година е направена во ново руво – направена е од деметра,веганска кожна алтернатива развиена од Gucci.Модната куќа објавува две изданија на чантата – едно во црна и монограмска верзија,во која има и сертифициран коноп и рециклиран најлон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GUCCI (@gucci)

Првата личност која може да се пофали со овој преубав модел е пејачката Били Ајлиш,која е заштитно лице на нивната кампања за редизајнирана мода,а тоа е одличен избор бидејќи е една од поборниците за заштита на животната средина.

Чест ми е што сум дел од еволуцијата на Gucci во создавањето нови трендови“,изјави Били за Vogue.

Материјалот на деметра е 77 отсто од растителна основа и се состои од мешавина од вискоза и дрвна маса,како и пченкарна пластика – што значи дека неговото производство има помало влијание врз животната средина.Чантата е првиот модел на кој Gucci го примени својот вегански материјал,но не е нивниот прв производ.Имено,тие во 2021 година претставија патики од алтернатива на кожа,а се уште работат на проширување на употребата на овој материјал и на други производи.

Gucci не е единствениот луксузен бренд кој истражува алтернативи за веганска кожа.Во 2021 година,Hermesс се здружи со MycoWorks за да ја лансира нивната торба “Victoria shopper”,а материјалот беше био-базиран,направен од мицелиум од печурки. Во меѓувреме,Стела Макартни исто така работеше на голем број иновации вклучувајќи ја и чантата Mylo која исто така е направена од мицелиум Но, поради недостиг на средства,имаше проблеми во производството на понатамошни материјали. Сепак,од модната куќа Gucci истакнуваат дека тоа нема да им се случи бидејќи имаат материјали кои се широко достапни и не се соочуваат со предизвици како другите модни куќи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag