„Last Christmas“ на Wham конечно го освои божиќниот број еден на топ листите во Обединетото Кралство, 39 години по првото објавување на песната.
„Last Christmas“, песна напишана од покојниот Џорџ Мајкл со намера да го освои божиќниот број еден во 1984 година, не успеа да го стори тоа бидејќи во исто време беше објавен синглот на Band Aid „Do They Know It’s Christmas“.
Речиси четири децении подоцна, песната која оттогаш стана весела божиќна поп-класика конечно беше крунисана на официјалната листа за топ синглови во Велика Британија.
„Џорџ би бил зачуден што после сите овие години конечно стигнавме до божиќниот број еден, што му беше намерата кога ја напиша песната. Мисијата е исполнета“, рече вториот човек на Wham, Ендрју Риџли.
Џорџ Мајкл почина на Божиќ 2016 година.
Бројот на „стримови“ за „Last Christmas“ достигна 13,3 милиони во последните седум дена, што е највисока во историјата во текот на Божиќната недела.
Покојниот Шејн МекГован и неговите Поугс уште еднаш не успеаја да стигнат до број еден со една од најпопуларните божиќни песни на модерното време, „Fairytale of New York“.
Иако по неодамнешната смрт на Шејн, фановите водеа кампања за песната конечно да го достигне првото место, таа беше доволно добра само за шестото место.
Тој безвременски класик, сепак, беше на врвот на божиќните топ листи секој пат од неговото објавување, освен на првото место.