Често се вели дека татковците и ќерките имаат најпосебен однос во едно семејство, а тоа се потврдува и во случајот со раперот Machine Gun Kelly и неговата 13-годишна ќерка Кеси. Истетовираниот музичар толку многу и верува на својата ќерка тинејџерка што и дозволил да му направи нова тетоважа, а сето тоа се случило зад сцената на музичкиот фестивал „Hellfest“ кој се одржа минатата недела во францускиот град Клисон. Додуша, телото на Кели е толку тетовирано што мала грешка не би се ни забележала, но сепак.
Кеси брзо се фати за работа и додаде уште малку мастило на подлактицата на нејзиниот татко, а тој сето тоа го овековечи на Инстаграм. Покрај Кеси, во објавата го гледаме и Кели на настап, нив двајца на патување, но и заедничко појавување на модната писта во ревијата на Долче и Габана на модната недела во Милано во саботата. „Ќерка ми рече – летен одмор. Завршивме на Hellfest“, напиша 33-годишниот музичар.
Machine Gun Kelly, вистинско име Колсон Бејкер, ја доби ќерката Кеси на многу млада возраст, со неговата поранешна партнерка, американската кошаркарка Ема Кенон. Последниве години повеќе се пишуваше за неговиот турбулентен однос со актерката Меган Фокс, со која беше свршен, отколку за неговата музика. Иако не е јасно дали таа му се придружи на францускиот музички фестивал, таа беше забележана како го поддржува на шоуто во Германија на 7 јуни, пишува Page Six. Тоа би значело дека навистина работат, велат упатените, за да ја спасат врската што ја прекинаа во февруари. „Полека работат на помирување, но тој се уште е „на каучот“. Тој прави се што може за да ја врати назад, а таа го тера да работи напорно за тоа. Но, тоа е нездрава динамика и нивните пријатели едноставно не сметаат дека ќе трае“, изјави добро информиран извор минатиот месец.