Доколку сакате побогат љубовен живот, подобро би било овие грешки да не ги правите кога е во прашање сексот, жените имаат различни желби и очекувања. Иако сите сме различни, страствени, емотивни, возбудливиот сексуален однос е сон на секоја жена. Но постојат заблуди кои можат да го расипат односот и уништат страстите. Дознајте што жените највеќе мразат во кревет! Страста е водилка која го диктира сексот. Мажите кои знаат што сакаат и кои знаат да ги покажат своите чувства ќе ја разгорат и нејзината страст.
Испитувањата за оргазмот за време на сексот можат да бидат поприлично напорни. Прашањата како “дали сврши”, навистина не се потребни бидејќи говорот на телото е помоќно оружје од зборовите.
Станување од кревет одма по сексот
Сексот не е само оргазам, тоа е приказна која има свој почеток, средина и крај. Токму овој крај на жените им е многу важен. Бегањето од креветот е нешто што жените највеќе го мразат. На тој начин, мажот остава впечаток дека не му се важни чувствата на партнерката ниту било што интимно.
Пасивност
Маж кои знае што прави на жените им е многу секси. Поради тоа припадничките на понежниот пол сакаат кога мажите ќе преземат иницијатива и ќе ја покажат својата способност и сила.
Маж кој чека нешто да се случи , односно жената да ја направи “целата работа” може да делува многу досадно.
Наговарање
Сексот е чин помеѓу двајца луѓе кои би требало обострано да чувствуваат страст, возбуда и голема желба за тој моќен чин. Меѓутоа, наговарањето и форсирањето може да биде иритантно.
Мажи кои не се искажуваат за време на секс
Сексот е преполн со емоции кои би требало да се покажат. Мажот кој не испушта никакви звуци за време на водењето љубов не е баш нешто за што жените сонуваат. Стенкањето и воздивнувањата можат да бидаат многу секси бидејќи убаво е да знаете дека и другата страна еднакво ужива.
Монотонија
Монотонијата во сексот може потполно да ја уништи желбата за однос. Доколку сакате да одржувате страст, развивајте фантазија. Жените сакаат изненадувања, секс во када, а за авантуристите може и на отворено, како и нови пози, можат да бидат многу интересни и поттикнати.