Во последните неколку години, маслото од арган стана важен сојузник за убавината на косата. Арганското масло за коса е сè што ви треба за да ја направите вашата коса свилена, мека, сјајна и лесна за стилизирање, а бојата да трае.
Ова масло е полно со незаситени масни киселини како олеинска и линолеинска киселина, а исто така содржи и значителна количина на антиоксиданти како витамин Е и полифеноли кои длабоко ја хидрираат косата, спречуваат да се исуши и ја штитат косата и фоликулите од бактерии.
Кога е најдобро да се употребува масло од арган на косата?
Аргановото масло за коса најдобро се нанесува после миење, кога косата е сè уште влажна. Покрај тоа што ќе и помогне на косата да се исуши и да се чешла побрзо, тоа ќе ја храни од корен до врв и ќе ја направи сјајна.
Сепак, можете да нанесете масло од арган и на целосно сува коса, кога е потребна дополнителна нега. Поради својата специјална формула, косата ќе „оживее“, без дополнително подмачкување.
Доволни се само неколку капки, кои ќе ги загреете меѓу дланките и ќе ги нанесете рамномерно на косата и масирајте во скалпот.
Маска за коса од масло од арган
Ноќниот третман е одличен начин да го извлечете максимумот од ова масло. Нанесете малку повеќе арганово масло на вашата коса и оставете да делува преку ноќ. На овој начин, и овозможуваме на косата да ги апсорбира сите хранливи материи.
Арганово масло како третман против брчки
Бидејќи маслото од арган е богато со антиоксиданти и каротин, ја стимулира еластичноста на кожата, и ја храни кожата на лицето. Витамини и минерали ја стимулираат регенерацијата на кожата на лицето, ги отстрануваат мртвите клетки и ја штитат кожата од УВ зрачење.
Тој е многу лесен и кожата брзо го апсорбира, така што аргановото масло за лице не ги заглавува порите и не доведува до појава на акни и црни точки, што е уште една предност.
Како да направите маска за лице од арганово масло
Мозолчињата и акните можат да бидат резултат на премногу себум, што доведува до затнување на порите и акумулација на нечистотии и мртви клетки на кожата. Редовната употреба на ова масло ќе спречи појава на нови акни.
Комбинирајте една лажица сок од лимон, три лажици грчки јогурт, една лажица мед и 3 капки масло од арган.
Нанесете ја маската на претходно исчистено, суво лице и оставете ја 10 минути. Исплакнете со топла вода. Оваа маска ќе ја врати свежината на лицето.