The Weeknd наскоро нема да настапува под тоа име: „Кажав се што имав да кажам“

popara11 мај, 20231min00
the-weekend-2-830x0

The Weeknd неодамна изјави дека сака да се ослободи од своето алтер-его, велејќи дека „сака да го убие The Weeknd“. Како што изјави во интервју за магазинот W, сака да ја продолжи кариерата под неговото вистинско име – Абел Тесфаје.

Канадскиот пејач за време на разговорот рече дека моментално е на „катарзично патување“ и дека „доаѓа до место и време каде што (тој) се подготвува да го затвори поглавјето на The Weeknd“.

“Албумот на кој работам сега е веројатно мојата последна ера како The Weeknd. Ова е нешто што треба да го направам. Како The Weeknd, кажав се што можам да кажам”, изјави Абел, пренесува NME.