Џемперот на принцезата Дијана наскоро ќе биде достапен за продажба откако беше откриен во складиште повеќе од 40 години подоцна
Аукциската куќа Сотби објави дека многу дискутираниот црвен џемпер на покојната принцеза од Велс со мотив на црна овца ќе се најде на аукција во август
Тогаш 19-годишната леди Дијана Спенсер го носеше џемперот со фармерки на поло натпреварот на тогашниот принц Чарлс во јуни 1981 година, еден месец пред нивната кралска венчавка. Еден мал настан пред повеќе од 40 години придонесе џемперот на Дијана да се најде денес. Принцезата го оштетила џемперот и ја прашала модната куќа од каде што е дали може да се поправи или замени. Бил испратен нов џемпер и оригиналот бил заборавен – се до сега.
– Бев на таванот во февруари и барав шаблон, и случајно забележав стара кутија за вино во аголот – а тука беше црвениот овчи џемпер завиткан во памучно ќебе. Беше добро сочуван. Ја погледнав манжетната, која очигледно беше сошиена повторно, му се јавив на Сал и му реков: „Мислам дека го најдов вистинскиот џемпер на принцезата Дијана“, изјавил за „People“ човекот што го нашол.
-Ги погледнавме сите фотографии на кои го носи, споредивме две и бевме сигурни дека тоа е тој. Знаевме затоа што секоја апликација е различна, па беше лесно да се види. Потоа се јавивме во Сотби!
Џемперот се нуди со проценка од 50.000 до 80.000 долари, а луксузниот брокер забележува дека џемперот е „прецизно сочуван“.
Онлајн наддавањето за оригиналниот црвен џемпер на принцезата Дијана започнува на 31-ви август и ќе трае до 14-ти септември преку Сотби. Џемперот ќе биде јавно изложен и во седиштето на аукциската куќа на Менхетен од 7-ми септември.