Срцето ви чука како лудо и постојано сте уморни? Овие се симптоми на подмолната болест која се почесто ги погодува жените

27 септември, 20230
5656_hipertiroeza-shutterstock-1979711033_f (2)

Хипертироидизмот е болест на тироидната жлезда која се јавува како резултат на прекумерно производство и лачење на хормоните Т4 и Т3. Причината е автоимуно заболување на тироидната жлезда (Баседовова болест) кај кое од се уште необјаснети причини доаѓа до формирање на антитела против рецепторите за TSH во тироидната жлезда, кои со врзувањето за самиот рецептор доведуваат до неконтролирано стимулација на клетките на тироидната жлезда, кои потоа лачат прекумерна количина на хормони.

Кои се симптомите?

Тоа се, пред сè, забрзано чукање на срцето, анксиозност, несоница, слабеење, забрзано варење, неправилни циклуси, прекумерна глад, замор…

Покрај тоа, хипертироидизмот е поврзан со егзофталмус, испакнување на очното јаболко. Егзофталмосот настанува поради хипертрофија на мускулите и масното ткиво сместени зад очното јаболко, а кај хипертироидизмот го предизвикуваат истите антитела кои го предизвикуваат и самиот хипертироидизам, ТРА.

Со оглед на сите овие симптоми, на луѓето кои ја имаат оваа болест, на самиот почеток им е многу тешко да ги извршуваат сите секојдневни активности кои порано ги правеле без проблем.

Како се лекува?

Првото и најважното нешто што треба да направите е да одите кај општ лекар кој ќе ве упати на ендокринолог. Хипертироидизмот се лекува со лекови наречени тиреостатици. Тие ги блокираат ензимите кои го инкорпорираат јодот во тироидните хормони. На овој начин лековите се двојно ефикасни, го намалуваат производството и лачењето на хормоните, но и го забавуваат инкорпорирањето на јод.

Така, кај голем број пациенти хипертироидизмот може да се излечи. Меѓутоа, при лекување на хипертироидизам, многу е важно често да се контролираат тироидните хормони и прецизно да се одреди дозата на тиростатиците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma