Вапцајте јајца со СОДА БИКАРБОНА: Сосема природен начин за добивање убава боја!

17 април, 20240
46ef682b5d38de5d8f0c5a2ac4e94fe8163f80f9

Одлична е за чистење на разни површини во домот, неутрализирање на непријатните мириси и многу повеќе, а неодамна се појави и метод на боење јајца со помош на сода бикарбона!

Покрај прекрасните, повеќебојни дезени на нереални нијанси, ќе ви се допадне и овој начин на боење јајца бидејќи е сосема природен.

Покрај сода бикарбона, за овој начин на боење јајца ќе ви требаат течна прехранбена боја по избор, малку вода и малку оцет.

Како да обоите јајца со сода бикарбона?

Во калапи за мафини истурете една лажичка сода бикарбона и 2-3 капки прехранбена боја. Додадете малку вода, колку да направите густа паста (колку погуста, толку подобро), добро измешајте за да добиете еднолична боја, а потоа со четка нанесете ги саканите бои на јајцата.

Кога ќе ги нанесете боите, прелијте ги јајцата со многу малку оцет. Смесата ќе почне да пени, а кога ќе престане, бојадисувањето е завршено.

Потоа исплакнете ги јајцата под млаз вода за да се отстрани вишокот боја. Не го правете млазот премногу силен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı