Селена Гомез е секогаш убава.
Вчера, 27 ноември, Селена Гомез (32) беше забележана на вечерно излегување со Бени Бланко во сезонско издание – широки темносини фармерки и плетено, плисирано боди.
Гомез не е единствената славна личност што го носи овој класичен есенски стил, открива People.
Џенифер Лопез и Кејти Холмс често носат широки фармерки, додека Тејлор Свифт во последно време е се понаклонета кон носење боди.
Потсетуваме дека во средината на ноември Кејти Холмс за време на студената прошетка во Њујорк комбинираше широки фармерки со удобна спортска јакна, носејќи уште едно парче кое е популарно меѓу познатите: голема чанта.
Чантата на Кејт го комплетираше нејзиниот аутфит кој се состоеше од широка јакна во неутрална боја, широки фармерки и црни патики.
Аутфитот дополнително го разубави со очила за сонце со рамка со животински принт, а се чинеше дека сличен дезен има и блузата која актерката ја носеше под сакото.