Заборавете на жолтите чаршафи: Овие производи ќе ги направат блескаво бели

8 февруари, 20240
Заборавете на жолтите чаршафи

Кога белата постелнина ќе почне да ја губи својата боја, може да ја расипе целокупната естетика на спалната соба. Експертите открија како да ja избелите.

Постелнината треба редовно да се пере. Сепак, дури и кога се пере, може да изгледа потемно и да останат дамки.

Детергентот обично може прилично добро да ги исчисти белите постелини, но ќе ви треба друг производ за да ги исчистите дамките и да се ослободите од пожолтувањето. Сепак, спротивно на популарното мислење и практика, белилото не е решение, велат експертите за постелнина во “Ecosa”.

„Белилото содржи хлор, кој реагира со протеински дамки како што се пот, масло за тело и друго, создавајќи жолти дамки без разлика колку ги перете чаршафите“, објаснуваат тие.

Така, наместо чаша белило, можете да пробате некои од овие алтернативи.

Бел оцет
Белиот оцет е вообичаена состојка за готвење која делува како природен отстранувач на дамки и омекнувач.Експертите препорачуваат користење на половина чаша бел оцет со многу поголема количина на вода. Покиснете еден час пред перење, а потоа исперете со вообичаениот детергент.

Во машината за перење може да се додадат и есенцијални масла за да се ослободи од силниот мирис на оцет.

Image

Сок од лимон
Сокот од лимон е „природно белило“ бидејќи лимонската киселина лесно може да ги отстрани  дамките и пожолтувањето од вашите чаршафи. Со неговата употреба, вашите чаршафи ќе имаат освежителен мирис.

Постојат два начина да се користи сок од лимон. Еден начин е едноставно да исцедите лимон директно во машината за перење и потоа да додадете детергент за перење. Друг начин е да измешате половина чаша сок од лимон со многу поголема количина топла вода и претходно да ги натопите чаршафите најмалку еден час или преку ноќ.

Следниот ден исперете ги како и обично. Ова треба темелно да ги исчисти и избели вашите чаршафи,пишува “Express.co.uk”.

Image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma