ЗЛОБИТЕ ЛУЃЕ ИМААТ ОВИЕ КАРАКТЕРИСТИКИ Бегајте од нив, затоа што се хранат со туѓата болка

3 април, 20240
Screenshot_7

Група германски и дански научници го претставиле концептот „заеднички фактори за развој на мрачни личности“. По истражувањето, тие откриле дека навистина постојат луѓе чии срж, свест и душа, се едноставно злобни.

 

 

 

 

Ова истражување воедно е и првиот концепт кој овозможил да се види колку некој навистина има злобна душа.

 

Научниците откриле 9 особини кои одликуваат една мрачна личност и упатуваат на вистински злобен човек, кој е расипан до самата срж.

 

Во продолжение погледнете за кои карактеристики станува збор:

 

  1. Егоизам

Се работи за претеран ентузијазам за некои работи или активности што им носат задоволство или предност, додека притоа им наштетуваат на други луѓе.

 

  1. Макијавелизам

Овој поим се однесува на тенденцијата за манипулирање со другите луѓе, немилосрдност и ум кој постојано прави стратегии и пресметки.

 

  1. Отсуство на морал

Ова подразбира предиспозиција кон неетичко размислување кое се изразува преку личните уверувања и постапки и отфрлање на класичниот морал и неговите ограничувања.

 

  1. Нарцизам

Главниот мотив кај еден нарцис е да го нахрани своето его по секоја цена.

 

  1. Психолошка ексклузивност

Опсесивната состојба при која личноста верува дека заслужува подобро и повеќе од сите други се нарекува психолошка ексклузивност.

 

  1. Психопатија

Психопатијата претставува отсуство на симпатија и емпатија, во комбинација со суровост и импулсивност, како и недостаток на самоконтрола.

 

  1. Садизам

Садист е личност која обожува да ги понижува другите, и покажува голема тенденција за сурово однесување кон луѓето. Ова се манифестира преку физичко, психичко и сексуално насилство над другите, со цел да ја демонстрира неговата моќ и контрола над жртвите, или едноставно за да се забавува.

 

  1. Опседнатост со себеси

Ова е опсесија која со пари, статус, признанија, дипломи и позиции станува сè полоша.

 

  1. Одмаздништво

Желбата да се повредат други луѓе поради вистински или имагинативни навреди е уште една карактеристика на злобните луѓе. Тие смислуваат најразлични одмазди, од општествени и финансиски, па сѐ до емоционални и физички.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma