Исчистете ја туш кабината на едноставен начин: Природна состојка која го уништува БИГОРОТ и ги отстранува дамките

27 февруари, 20240
Screenshot_7

Овој мачен дел од работата ќе ви стане многу полесен кога ќе ја направите оваа смеса

 

 

Кога ја чистите вратата од туш кабината, ретко ќе се случи да уживате во таа работа, бидејќи не е така лесно да се исчистат закоравените остатоци од бигор и сапун.

 

Овие наслаги може трајно да го оштетат стаклото, па најдобро би било веднаш да ги избришете со крпа штом забележите дека почнува да се појавува „магла“, а тоа можете да го направите многу ефикасно со неколку состојки што веќе ги имате во куќата.

 

Измешајте дестилиран алкохолен оцет со дестилирана вода во сооднос 3 спрема 1, ставете во сад во микробранова печка 60 секунди.

 

Кога течноста ќе се олади, истурете ја во шише со распрскувач. Доколку не можете да го поднесете мирисот на оцет, можете да додадете неколку капки есенцијално масло.

 

Нанесете слој од растворот на стаклото од туш кабината, рамномерно покривајќи ја целата површина. Оставете да отстои три до пет минути. Избришете го стаклото со крпа од врвот до дното.

 

После тоа, можете да ги полирате и преостанатите дамки со крпа. Оставете ја вратата отворена за да бидете сигурни дека преостанатата влага испарува од стаклената површина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma