Додадете шеќер
Ако додадете прстофат шеќер на кромидот додека се пржи, тој ќе го збогати вкусот. Но, внимавајте да не претерате со количината на шеќер, бидејќи и тоа може да го уништи вкусот. Кога ќе почнете да го пржите кромидот, истурете масло во тавата, додадете парче путер, па исечканиот кромид. Посипете со прстофат шеќер. Јадењето ќе биде совршено, а вкусот ќе биде неверојатен.