Направете домашно средство кое ги отстранува мувлата и бигорот
23 јуни, 20240
![Screenshot_2](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/03/Screenshot_2-28.png)
Користете природно средство за чистење на плочките во бањата
Плочките во бањата се ноќна мора за многу домаќинки.
Бришење и триење на плочките со разни средства со прејак мирис на сите им е преку глава! За да ви ги олесниме овие задачи, најдовме одличен рецепт за производ кој ги чисти плочките без напор.
Покрај чистењето на сите тоалети, ова средство е многу ефикасно за отстранување на бигорот и мувлата, кои се таложат на плочките и фугите.
Потребни состојки:
- 7 чаши вода (1,5 l)
- ½ чаши сода бикарбона
- 1/3 чаша сок од лимон
- ¼ чаши алкохолен оцет
Подготовка:
Истурете 7 чаши вода во леген или стар сад, па додадете сода бикарбона, лимон и на крај оцет.
Ќе забележите дека се случува хемиска реакција, а кога ќе помине – производот е подготвен за употреба.