Немате време за пеглање? Еве како да ја исправите облеката со спреј

20 мај, 20240
Screenshot_6

Буквално секој мора да го знае ова!

 

 

 

Сигурни сме дека пеглањето не е ничија омилена работа, но не можеме да ја напуштиме куќата во стуткана облека, во тоа ќе се согласите. Па ако спаѓате во оваа група, имаме добри вести.

 

Најдовме 2 трикови за совршено испеглана облека што заштедуваат време, но исто така не бараат употреба на пегла.

 

Еве за што станува збор:

 

Спреј за пеглање

 

Пронајдовме еден трик на Инстаграм, а го објави Австријка и за кратко време стана вистински хит. Таа објасни како едноставно да се направи спреј што „пегла“ облека.

 

Потребни ви се две чаши вода, лажичка алкохолен оцет (ја омекнува облеката) и лажичка регенератор за коса (ги релаксира влакната во облеката).

 

Измешајте ги состојките и истурете во шише со спреј. Потоа, попрскајте ја облеката и оставете ја да стои 5 минути.

 

И тоа е тоа, нема повеќе брчки на облеката и изгледа како да била свежо испеглана. Изумителот на овој трик тврди дека спрејот работи подеднакво добро на бела и обоена облека.

 

Погледнете го видеото ТУКА.

 

Користење на пареа

 

Овој трик сигурно веќе го знаете или сте го испробале – наместо да пеглате, можете да правите две работи истовремено. Кога се подготвувате додека се туширате, едноставно закачете ја облеката на закачалка во бањата, затворете ја вратата и истуширајте се. Пареата од бањата ќе помогне во исправување на облеката. Но, не заборавајте на најважниот чекор, кога ќе излезете, брзо ставете ја облеката на рамна површина и исправете ја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma