Не ја фрлајте кората, може да биде корисна: Еве за што се може да го искористите лимонот и неговите отпадоци

popara14 септември, 20241min00
1676486289-1641540841-1633990026-rerna-ciscenje-shutter-750x500

Лимонот не само што е добар за здравјето, туку можете да го користите и во домаќинството.

Еве неколку примери како да се користи кора од лимон.

Чистење на даската за сечење

Бидејќи врз нив сечеме и сирова храна, важно е добро да се измијат. Лимонот е добар за неговата киселост, а со малку сол добро притиснете и исчистете ја даската за сечење.

Чистење на микробрановата печка

Исечете го лимонот и добро исчистете ги сите дамки и преостанатата храна во микробранова печка. Потоа едноставно избришете ги остатоците. По бришењето ќе мириса убаво и свежо.

Загорена храна

Половините од лимон се идеални и за отстранување на остатоци од храна. Една половина лимон е идеална затоа што ќе ви се вклопи во рака и само треба да се фатите за работа. Ако садот е многу загорен, додадете малку сол.

Повкусна вода

Во летниот период водата обично ја чуваме во фрижидер. Ако имате вода во бокал, додадете и половина лимон за да му дадете вкус и дополнително да го освежите.

Отпад

Пред да го извадите ѓубрето од дома, а корпата е полна, можете да спречите непријатни мириси со ставање неколку кришки лимон. Ова ќе биде одлично за топлите денови кога таквите мириси се чувствуваат посилно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag