Никако не го правете ова, може да ја оштетите: Како да ја одмрзнете вратата на автомобилот кога не се отвора

popara24 ноември, 20241min00
107108_shutterstock-240763444_f

Пред да се обидете да го решите проблемот, прво проверете дали вратата е замрзната или само бравата е замрзната.

Ако клучот влезе во бравата, но вратата не се отвори, гумите на вратата најверојатно се замрзнати и заглавени. Во овој случај, не влечете ја вратата со сила, бидејќи тоа може да го оштети материјалот. Наместо тоа, притиснете ја надворешната страна на вратата или нежно удирајте на металниот дел од вратата. Исто така, обидете се да отворите друга врата, како што е совозачката врата, бидејќи може полесно да се отвори.

Ако вратата е целосно замрзната, можете да загреете вода на околу 50 степени и внимателно да ја истурите на рамката на вратата (никако зовриена вода), но внимавајте да не го прелиете прозорот, за да избегнете оштетување. Откако ќе ја отворите вратата, задолжително исушете ја за да спречите повторно замрзнување.

Ако бравата е замрзната, можете да пробате хемиски одмрзнувач или средство за дезинфекција на база на алкохол. Ако немате ништо од тоа, загрејте го клучот со запалката и полека вметнете го во бравата.

За превенција, пред зимата, гумите на вратите можете да ги исчистите со соодветен производ кој ги спречува да се замрзнат и ги штити од сушење. Бравата можете да ја заштитите и со графит, а редовното подмачкување може да помогне да се спречат ваквите проблеми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag