Новак и Јелена Ѓоковиќ прославија 10 години брак: Ноле ѝ напиша емотивна песна, сите нѐ разнежни

11 јули, 20240
Screenshot_4

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) и неговата сопруга Јелена (38) денеска одбележуваат убав јубилеј – 10 години од нивната венчавка, која ја направија во луксузниот ресорт „Аман Свети Стефан“ во Будва, Црна Гора.

 

 

 

 

По тој повод, тенисерот ѝ посвети емотивна објава на својата сакана сопруга и ѝ посвети песна во која ѝ се заблагодари за сите прекрасни мигови во последната деценија. Ѓоковиќ објави компилациско видео со најубавите моменти од животот на двојката, а во позадина оди романтичната песна „Islands in the Stream“ од Доли Партон и Кени Роџерс.

 

„Десет години радост,

десет години соништа,

десет години како острови,

десет години како потоци.

 

Десет години како родители,

десет години како едно,

десет години танцување,

десет години забава.

 

Десет години јога,

десет години се истегнуваме,

десет години со кучиња,

десет години со фрлање топчиња кон нив.

 

Десет години летање,

Десет години на море,

Десет години од тебе,

Најдобриот дел од мене.

 

Десет години тенис,

десет години топки,

десет години триумф,

десет години падови.

 

Десет години како соиграчи,

десет години заедно,

десет години Јелена,

те сакам засекогаш“, напиша српскиот ас.

 

За неколку часа, оваа објава собра повеќе од 400 илјади допаѓања и бројни коментари со честитки.

 

„Честитки за љубовта. Семејството е најдоброто нешто што може да се случи“, „Најдобриот пар од сите“, „Новак – поетот. Многу убаво. Среќна годишнина“, се дел од коментарите.

 

Да потсетиме, Новак и Јелена Ѓоковиќ се знаат уште од тинејџерските години, кога ги споила љубовта кон спортот.

 

„На прв поглед ме освои со нејзината насмевка. Секако, изгледот секогаш е на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех, бидејќи знам дека таа е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна кога имаше 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна, тоа е она што ме прави среќен“, рече еднаш Ѓоковиќ.

 

Нивната врска се искомплицирала кога Јелена заминала да студира во Италија, а Новак морал повеќе да ѝ се посвети на кариерата.

 

„Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студентка која едвај можеше да си дозволи да студира во странство, а тој беше тенисер кој исто така немаше пари да финансира скапо патување. Авионите беа вселенски бродови за нас, не можевме да си го дозволиме тоа“, се присети еднаш Јелена.

 

До дипломирањето, парот одржуваше врска на далечина, а потоа заедно се преселија во Монако.

 

Тие се верија во 2013 година, а една година подоцна се венчаа во Свети Стефан во Црна Гора.

 

Четири месеци подоцна Јелена го роди нивното прво дете, синот Стефан. Три години подоцна ја добија ќерката Тара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma