Нови детали од истрагата за смртта на Метју Пери: Запленети мобилниот и лаптопот на жена

popara24 јуни, 20241min00
Screenshot_9

Полициската управа во Лос Анџелес неодамна откри нови детали за смртта на Метју Пери.

 

 

 

 

Како што дознава In Touch, полицијата го конфискувала мобилниот телефон и лаптопот на славна личност која била поврзана со смртта на Метју Пери.

 

Според нивните информации, станува збор за женско лице кое исто така било приведено на разговори, откако полицијата на Лос Анџелес (ЛАПД) заедно со Управата за борба против дрога (ДЕА) покренала истрага за причините за смртта на Пери.

 

Кога полицијата пристигнала со налог за претрес во нејзиниот дом во Лос Анџелес, таа не била присутна. Но, кога се вратила соработувала со полицијата и не ѝ биле ставени лисици.

 

„Додека полицајците ја пребаруваа нејзината соба, зеле iPhone и лаптоп. Таа ангажирала адвокати и имала повеќе состаноци со полицијата откако пристигнале во нејзиниот дом. Таа не открила премногу за ситуацијата, но инспекторите морале да знаат нешто за да добие налог и така да се појави“, рекол изворот.

 

Овој медиум јавува дека го знаат идентитетот на лицето, но нема да откриваат детали бидејќи истрагата е во тек. Но, откриле дека таа и Пери се запознале на рехабилитација и тогаш неочекувано станале пријатели. Како што понатаму наведува изворот, приведената жена тврди дека никогаш не направила ништо за да му наштети на Пери.

 

Инаку, два месеци по неговата смрт, лекарите констатирале дека славниот актер починал од акутни последици на кетамин.

 

За потсетување, Пери беше пронајден мртов на 28 октомври минатата година во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес. Според истражителот, во неговиот стомак биле пронајдени траги од кетамин, кој се користи во некои лекови за депресија. Сепак, токсиколошките извештаи покажаа дека количината на кетамин пронајдена во телото на Пери е слична на нивоата што се користат за анестезија на болничките пациенти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma