Ова е проверен трик: Еве како да ја вратите свежината на бајатиот леб, за 5 минути ќе биде повторно убав и мек!

18 февруари, 20240
77617_zena-hleb-shutterstock-639194938_f

Кога имате леб дома, но е стар, а не ви се оди до продавница или едноставно не сакате да го фрлите, не мора секогаш да правите пржени кришки. За да го искористите бајатиот леб, ви откриваме трик кој ќе го направи повторно свеж, како штотуку да сте го испекле!

Постапката е едноставна и трае само неколку минути. Потопете го тврдиот леб или половина леб така што ќе го ставите во сад наполнет со вода. Добро натопете го. Не е важно дали е топла или ладна.

Потоа ставете го во плех, па во рерна загреана на 150 степени. Лебот се пече 5-6 минути. Ако е цел леб, печете го 10-12 минути. По печењето лебот повторно ќе биде мек и свеж, а ќе добие крцкава кора како штотуку да е замесен. Ќе уживате да го јадете.

Се разбира, не го користете овој трик ако лебот е премногу стар и мувлосан. Таков леб најдобро се фрла во ѓубре за да немате здравствени проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi