Ова се природни препарати против комарци и други инсекти

29 јуни, 20240
Screenshot_2

Наместо да лекувате убоди, ова се три препарати кои ќе спречат комарците да се спуштат на вашата кожа

 

 

 

Летните вечери се обележани со напади на комарци, особено по дождливите периоди кои го означија само почетокот на ова лето. Групите на овие инсекти, покрај тоа што не вознемируваат со непрестајно зуење околу ушите, можат да донесат инфекции со убодите и да предизвикаат сериозни алергиски реакции кај некои, додека лекарите предупредуваат и на вирусот Западен Нил.

 

Природни препарати против комарци

Комарците може да ги одбиете со целосно природен препарат кој не е штетен по здравјето, а за тоа ви требаат половина литар алкохол, 100 грама каранфилче и 100 милилитри масло, што може да биде бадемово, масло од лаванда, па дури и неутрално масло за бебиња. Натопените каранфилчиња оставете ги четири дена во алкохол, промешајте наутро и навечер. По четири дена, додадете го маслото и добро протресете. Ставете неколку капки на рацете и нозете, масирајте ја кожата и комарците нема да и приоѓаат на вашата кожа.

 

Есенцијалните масла се исто така ефикасни во заштитата на кожата од каснување од комарец. Можете да користите есенцијални масла од цитрусен еукалиптус, масло од цимет, рицинусово масло, масло од лаванда, масло од рузмарин, масло од лимонска трева или масло од каранфилче. Измешајте избрани есенцијални масла, со неколку капки на маслиново масло и редовно нанесувајте ги на кожата за да се заштитите од комарци.

 

Природен спреј против комарци е далеку поефикасен од комерцијалните хемикалии и исто така е поздрав за кожата. Бидејќи комарците не сакаат мириси како нане, лаванда, ајдучка треба и камилица, можете да ги измешате сите овие билки и да ги сварите како обичен чај. Во овој раствор треба да додадете и алкохол и истурете го во шише, на кое има распрснувач. Ова е сосема природно и без никакви штетни влијанија врз вашето здравје. Во случај да сте особено чувствителни, тогаш треба да избегнувате алкохол и тој ќе го го има скоро истиот ефект врз комарците, кои не ги сакаат овие мириси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma