Отворен Канскиот фестивал:Златната палма доделена на Мерил Стрип

popara15 мај, 20241min00
Мерил Стрип

Фестивалот беше отворен со проекција на филмот „Вториот чин“, пренесува Ројтерс наведувајќи дека легендарната американска актерка Џејн Фонда и моделот Хајди Клум се приклучиле на актерската екипа на оваа француска комедија на проекцијата.
Филмскиот фестивал во Кан беше свечено отворен со парада на познати филмски ѕвезди на црвениот тепих и во чест на холивудската дива Мерил Стрип, која доби почесна Златна палма за „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, пишуваат светските медиуми.

Покрај Мерил Стрип, оваа година почесната Златна палма ќе ја добијат и креаторот на филмската сага „Војна на ѕвездите“ Џорџ Лукас, како и студиото Ghibli на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Оваа година со жирито ќе претседава Грета Гервиг, американската режисерка и актерка која се потпиша на блокбастерот „Барби“.На свеченото отворање на 77. Кански филмски фестивал, францускиот уметник Зао де Сагазан ја изведе „Modern love“ на Дејвид Боуви.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma