Поднесено ново обвинение против раперот Шон Диди Комбс: На посрамотениот хип-хоп магнат му пишува црно: На новата листа има повеќе од 100 жртви

popara2 октомври, 20241min00
Screenshot_5

Повеќе од 100 луѓе ќе го тужат раперот Шон Диди Комбс за сексуален напад, силување и сексуална експлоатација, објави американскиот адвокат Тони Базби.

 

 

 

„Ова е важна работа што имаме намера енергично да ја следиме“, рече адвокатот од Тексас, пренесе Би-Би-Си.

 

„Нема да застанеме додека не ги најдеме сите потенцијално одговорни страни, вклучително и сите поединци кои учествувале или имале корист од овој случај“, рече тој.

 

Хип-хоп ѕвездата претходно поднесе жалба на пресудата на федералниот суд дека треба да остане во затвор додека го чека судењето за обвиненијата за сексуален напад.

 

Неговите адвокати ја поднесоа жалбата откако претходно најавија дека ќе побараат од апелациониот суд да ја смени одлуката на судијата Ендрју Л. Картер и да го ослободи музичарот, пренесе АП.

 

Комбс (54) е во притвор во Бруклин откако на 17 септември се изјасни за невин по обвиненијата дека го користел своето влијание и престиж за да ги принуди жените да се вклучат во сексуални активности на забавите.

 

Судијата го отфрли предлогот на одбраната пејачот да биде во домашен притвор, наведувајќи дека никакви услови за негово ослободување не можат да бидат доволни за сведоците да се чувствуваат заштитени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag