Секоја куќа треба да ја има оваа билка, но внимавајте на една работа

popara13 јуни, 20241min00
Дрво на парите

Ова е едно од најпопуларните растенија во затворен простор, расте брзо и лесно и е долговечно, но има една работа на која мора да внимавате доколку го украсува и вашиот дом.

Дрвото на пари (лат. Crassula ovata) е домашно растение кое лесно се одржува и се верува дека носи среќа и пари.

Ова растение е познато и како растение на пријателството, па затоа често се подарува на најблиските, со верување дека покажува благодарност кон пријателот.

Симбол на среќа
Се состои од гранки кои личат на мали стебла и месести, овални лисја.

Ова растение има многу други имиња како што се красула, јапонско дрво на пари, кинеско дрво на пари итн.

Ова се растенија кои припаѓаат на родот Crassula и може малку да се разликуваат едно од друго. Најпопуларен вид е Crassula ovata, пренесува Крстарица.

Како да се одржува растението?
Доколку имате мачка или куче, дрвото на пари треба да биде поставено далеку од нив, бидејќи сите делови од растението се токсични за животните, пишува Novi.ba.

Дрвото на пари треба редовно да се полева, но треба да внимавате да не го полевате премногу често. Почвата во која се наоѓа дрвото пари не смее целосно да се исуши, па најдобро е да ја полевате кога ќе почувствувате дека горниот слој на почвата е сув под прстот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag