Согорете калории со помош на ОДЕЊЕ: Вака ќе има најмногу ефект

popara8 февруари, 20241min00
497a6881ada898a398e78880df781a75866d2fcf

Придобивките од оваа вежба се многубројни и се однесуваат и на телото и на духот, а многумина ја избираат токму оваа вежба, главно за да го изгубат вишокот маснотии. Сепак, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да изгубите повеќе килограми додека одите.

Подолу ви предлагаме 4 начини како да го зголемите согорувањето на мастите со пешачење.

1. Зголемете го темпото

Кога ја зголемувате брзината на чекорот, се зголемува и согорувањето на калориите. За да го постигнете ова, изберете друга рута, ставете слушалки и пуштете ја омилената музика, за да добиете дополнително засилување. Напомена: Во почетокот пешачете полека 5-10 минути, за да го загреете телото и да избегнете повреди.

2. Одење по угорница

Пешачењето по планина, освен што ќе ви го расчисти умот и ќе ви помогне да се чувствувате подобро, е идеален начин да изгубите повеќе маснотии. Доколку не ви е лесно да се искачите на планина со група или да најдете планинска рута, тогаш ви предлагаме да го заборавите лифтот и да вежбате на скалите. Друго решение е да одите на лента за трчање со благ наклон нагоре.

3. Положба на телото

За секоја вежба да се изврши правилно, мора да се фокусирате на држењето на телото. Кога одите, фокусирајте се на стомачните мускули и бутовите. Исто така, внимавајте да гледате право напред, за да одите побрзо и движењата на нозете и рацете да ви бидат во права линија.

4. Обрнете внимание на опремата

Како што е случајот со многу физички вежби, така и при пешачењето мора да и дадете големо значење на опремата, а особено на чевлите и облеката што ќе ги изберете. Спортските чевли треба да бидат рамни, удобни, лесни, со добар ѓон, способен да апсорбира удари. Вашата облека, од друга страна, треба да „дише“ за да не ја апсорбира лесно потта. Во спротивно, болките во нозете и потта ќе имаат негативно влијание врз вас и ќе ве принудат што поскоро да сакате да ја завршите оваа „вежба“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma