Адел го паузираше концертот за да гледа финале на Олимписките игри (ВИДЕО)

popara5 август, 20241min00
BRITAIN-ENTERTAINMENT-MUSIC-AWARD-BRITS

Адел моментално е во Минхен каде има концерти до крајот на месецот, а веќе на вториот концерт привлече внимание со своето однесување.

Адел мораше да го прекине првиот концерт за да го соблече делот од фустанот кој и се намокри од дождот, а вториот концерт во еден момент го прекина за да ги гледа Олимписките игри.

Поточно, токму женското финале на 100 метри Адел го пушти на големото платно и можеа да го видат 80.000 насобрани фанови.

Тоа беше трка во која златото ѝ припадна на Џулиен Алфред (првиот медал за Санта Лусија во историјата), среброто на Шакари Ричардсон (САД), а бронзата на Мелиса Џеферсон (САД).

Овој потег најмногу ги воодушеви фановите кои ја споделија снимката и коментарите на социјалните мрежи.

„Кралицата поддржува други кралици“, „Ова е одлично“, „Како мислиш, не гледаше Олимпијадата со Адел?“, „Не беше само за неа, туку и за фановите“, се само дел од коментарите.

@aynah_adelevibes

She really said we are not missing this, and I like her for it😭💅🏽💅🏽💅🏽 3rd August,2024 #Olympics #2024Olympics #adelelive #adeleinmunich #adele #adeleaccess #adeleadkins #germany🇩🇪 #munich #explorepage✨ #concert #Adeleworld #adelerollinginthedeep #adelesetfiretotherain

♬ original sound – ADELE21❤🪐

Адел го започна својот престој во Минхен кон крајот на минатата недела и ќе настапува двапати неделно до 31 август, по што се враќа во Лас Вегас, пишува Deadline.

Таа претходно најави дека планира да направи пауза кога ќе завршат сите најавени настапи.

„Немам планови за нова музика. Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека ќе се занимавам со други креативни работи, барем за некое време“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag