Адел најави дека се повлекува од светот на музиката, па откри со што ќе се занимава понатаму: Не се откажува од креативната сфера

popara11 септември, 20244min00
77860_shutterstock-2123013317_f

Пејачката Адел неодамна ги шокираше обожавателите кога објави дека ќе направи „неверојатно долга“ пауза од музиката. На почетокот на септември ги заврши концертите во Минхен, а има уште концерти во Лас Вегас, по што извесно време не планира да се занимава со музика. Сепак, пејачката има големи планови за кариерата во иднина, кои не се поврзани со музиката.

Како што пренесува Daily Mail, Адел би можела да почне да глуми. “Адел повеќе од една година зема интензивни часови по глума од врвен холивудски тренер. Кога се обврзува на нешто, дава 100 отсто од себе”, рекол изворот.

Изворот исто така тврди дека Адел му рекла на својот тим да ја пренесе веста до големите филмски студија и продуценти дека е подготвена за голема промена во нејзината кариера. Наводно веќе се водат разговори за потенцијални проекти за неа.

„Еден високо позициониран холивудски извор ја советуваше да оди на курс за дијалект, ако веќе не го сторила тоа, бидејќи нејзиниот природен, кокни акцент ќе ги ограничи нејзините улоги“, рече тој. Друг извор додаде дека Адел на крајот ќе му се врати на пеењето и дека сите ќе дознаат за тоа на време. Се зборува и дека нејзиното големо враќање би можело да биде за време на Суперболот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Адел претходно зборуваше дека сака да се занимава со глума. Минатата година изјави дека сака да се „пробие“ во Холивуд, а откри и дека има еден филм на кој би сакала да работи. Се уште нема сценарио за истиот филм бидејќи, како што рече, сценаристот не е „ментално подготвен“ за него. Рекла и дека и биле понудени улоги во биографски филмови за некои пејачи, но дека тоа секогаш и било многу „очигледно“.

Во јули таа изјави дека по концертите во Минхен и Лас Вегас сака да се фокусира на своето семејство и „другите креативни работи“. “Немам планирана нова музика. Сакам голема пауза после ова и мислам дека сакам да се занимавам со некои други креативни работи. Само за малку”, рече таа.

Според странски извори, пејачката планира да се врати во Обединетото Кралство, каде веќе има стан во Лондон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag