Адел најави пауза од музиката, па ги шокираше фановите со цената на влезници за последните концерти

popara19 септември, 20241min00
Adele In Concert - Philadelphia, Pennsylvania

На последниот концерт во рамките на резиденцијата во Минхен, британската дива објави дека прави долга пауза по концертите во Лас Вегас. Обожавателите со нетрпение ја очекуваат шансата да ја видат во живо на концертите кои ќе го означат крајот на актуелната турнеја, но непријатно се изненадени од неверојатно високите цени на билетите.

Според веб-страницата Seat Geek, цените на билетите за последните концерти на Адел во Лас Вегас, поточно, првите седишта до сцената, достигнуваат повеќе од 5.000 долари, а оние кои ќе се одлучат за места на последните седишта од салата ќе треба да платат помеѓу 3.500 долари и 4.800 долари, пишува tportal.

Бран на незадоволство

Препродавачите нудат билети по неверојатно високи цени, така што билетите од првиот ред може да се купат за само 13.000 долари, па се до 70.000 долари.

Многумина останаа запрепастени, а своето незадоволство масовно го изразија на социјалните мрежи.

„Таа е неверојатна, но цените на овие билети се неверојатни“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш ја губам сета почит кон тебе“, „Затоа многу Американци дојдоа на концерти во Германија“, коментираат обожавателите на Инстаграм.

„На Адел очигледно ѝ е потребна добра финансиска основа бидејќи сака да се сврти кон актерската кариера откако ќе пее. Повеќе од една година посетува интензивни часови по глума кај врвен холивудски тренер. Кога се обврзува на нешто, дава 100 отсто од себе“, изјавил извор за Дејли Мејл.

Како дел од европската резиденција, пејачката настапи пред 740.000 обожаватели во дури десет датуми кои се протегаа во текот на целиот август.

За нејзините концерти била изградена посебна арена, која можела да прими околу 80.000 луѓе по концерт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag