Откако предизвика овации со враќањето на пистата на Victoria’s Secret, 43-годишната манекенка позираше за шпанскиот Vogue. На Инстаграм беа објавени фотографии од Адријана Лима без трошка шминка, а на коментарите им се нема крај.
“Посилна и похрабра од кога било. Адријана Лима се врати да позира за нашата насловна страница”, пишува магазинот, додавајќи дека Лима се присетила на почетоците на нејзината кариера.
View this post on Instagram
На првата насловна Лима позираше во маица на Dior и шешир на Clyde x Collina Strada. На втората насловна манекенката позираше во црн фустан на Dior, во кој ги покажа своите мускули.
View this post on Instagram
„Тешко е, имам пет деца, а да се биде мајка на 40 не е исто што и да се биде мајка на 20 години, но отсекогаш сум сакала да имам големо семејство и сум млада во срцето. Исто така, сакам да тренирам тоа е дел од нашата култура. Овде во Рио де Жанерио јасно се перцепира тоа“, рече Лима во интервјуто.
Таа се осврна и на негативните коментари за нејзиниот изглед.
“Точно е дека обично се дебелеам многу за време на бременоста, но морам да размислувам за себе. Имав други приоритети. За среќа, ја имав поддршката од моето семејство, а сега сето тоа е во минатото. Модата е за нас , жени кои вообичаено купуваат и кои се свесни што се случува таму, па затоа треба да го прославите секој момент од вашиот живот, а јас во моментов се чувствувам одлично“, рекла Лима и додала дека во моментов сака да се гледа себеси без шминка.