Ако ја ставите прерано, брзо ќе се расипе! Кога е најдобро време за кисела зелка?

popara24 септември, 20241min00
Кисела зелка

Покрај тоа што киселата зелка ќе ја подготвите во јасно одредено време, земете ги во предвид и временските услови.

Есенските денови се време кога се подготвува зимница, а за љубителите на туршија, киселата зелка е незаменлива зимска салата на менито.

Киселата зелка е ризница на хранливи материи, а богата е со големи количини на витамин Ц, магнезиум, калциум, натриум и холин. Вреди да се споменат и пробиотиците, кои помагаат во одржување на здрава бактериска флора и, според тоа, нормално функционирање на цревата.

Покрај тоа што е многу важно како правилно да се кисели зелката, за да се продолжи рокот на траење и да се зачуваат сите корисни состојки, една од клучните работи е и кога се подготвува.

Идеално време за кисела зелка

Судејќи според советите на искусните во подготовката на туршии, идеално време за кисела зелка е средината на октомври, кога доцните сорти на зелка содржат повеќе природни шеќери, кои помагаат во ферментацијата.

Секако, има и отстапувања – доколку времето е невообичаено топло за тој период од годината, најдобро е да почекате уште две недели да паднат температурите бидејќи тие се од големо значење за успешна подготовка на киселиот зеленчук.

Самиот процес на ферментација обично трае до четири недели, што значи дека веќе во декември ќе можете да уживате во сочна, вкусна и супер здрава кисела зелка!

Се разбира, редовно проверувајте ја состојбата на зелката, па ако забележите дека се формира цвет и може да се расипе, слободно додадете винобран за да го спречите понатамошното закиселување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag