Експертите за сексуално здравје велат дека утринскиот секс може да има бројни придобивки за вашето тело.
Еден од главните фактори е тоа што наутро нивоато на половите хормони, како што се тестостеронот и естрогенот, природно се повисоки, што може да го олесни постигнувањето на возбуда.
Допаминот, познат и како „хормон на среќата“, е највисок наутро, што може да придонесе за полесна сексуална возбуда. Во текот на ноќта, телото ги обновува хормоните, вклучително и половите хормони, што објаснува зошто утринското ниво на тестостерон кај мажите и естроген кај жените може да биде повисоко.
Покрај тоа, во текот на циклусот на РЕМ спиење, кај жените доаѓа до зголемување на протокот на крв во вагината, додека кај мажите зголеменото производство на тестостерон може да доведе до ерекција.
Како резултат на тоа, утринскиот секс може да биде одличен начин да се ослободат хемикалиите кои го подобруваат расположението и да се поврзете со партнерот, бидејќи сексуалното возбудување предизвикува ослободување на норепинефрин, што предизвикува побрз проток на крвта до гениталиите и придонесува за ерекцијата.