Покрај тоа што додавањето на ракавици ја олеснува анимацијата, Волт Дизни еднаш му рекол на својот биограф Боб Томас дека ракавиците постојат од друга причина – да се хуманизира глувчето.Една од причините зошто многу ликови од Дизни имаат бели ракавици е тоа што во ерата на создавање на познати ликови, аниматорите сакаа малку да си ја олеснат работата и да ја забрзаат со неколку трикови, а меѓу нив беше и употребата на тркалезни рабови, на пример на рацете на анимираните ликови, бидејќи им било полесно и побрзо.
Исто така, во ерата на црно-белите цртани, беше тешко да се разликуваат заоблените раце на ликовите од нивните црни тела, па белите ракавици беа лесен начин да се истакнат нивните раце.
Волт Дизни можеби беше првиот што им стави ракавици на неговите ликови во цртаниот филм „The Opry House“ со Мики Маус.
Откако анимацијата се оддалечи од црно-белата техника и се појавија боите, Мики и другите ликови на Дизни ги задржаа белите ракавици бидејќи веќе станаа многу препознатливи.
Покрај фактот дека додавањето ракавици ја олеснува анимацијата, Волт Дизни еднаш му рекол на својот биограф, Боб Томас, дека ракавиците постојат од друга причина – да се хуманизира глувчето.
– Не сакавме да има глувчешки раце, затоа што требаше да биде почовечен, па му дадовме ракавици. Пет прста се чинеше премногу за толку мала фигура, па одзедовме еден. Тоа беше еден прст помалку за анимирање – изјави Дизни во 1957 година, пренесува rd.com.