Експерт за врски открива кои подароци ги презираат вашите партнери и кои всушност можат да ве оддалечат едни од други. Советите се да не размислувате премногу и да не испратите погрешна порака, па затоа внимавајте што ќе подарите за Денот на вљубените.
Денот на вљубените е време на голем притисок за паровите. Ова е празник дизајниран да ја зголеми продажбата на црвени рози, билети за концерт, шампањ, романтични вечери …
Очекувањата за 14 февруари се дека паровите ќе бидат магично вљубените и денот ќе го поминат гледајќи се во очи, па многумина ќе бидат обземени од паника кога ќе треба да изберат подарок.
Но, немојте да се залажувате и да купите еден од оние несовесни подароци, што може да направи повеќе штета отколку добро . Во интервју за Сан, експертот за односи Нил Вилки открива подароци што треба да ги избегнувате доколку сакате да останете сакани.
- Нешто безлично и во последен момент
Ако го одложите купувањето и завршите кон бензинската пумпа или во блиската продавница само колку за да ја извршите својата должност, верувајте дека вашиот партнер ќе забележи. Поентата во подароците за Денот на вљубените не е нивната цена, туку трудот и размислувањето. Затоа подобро да напишете убава, искрена и романтична честитка отколку да купите нешто што не е лично во последен момент.
- Додатоци за чистење
Сè што е поврзано со алатки за чистење или домашно изработување / градинарство за мажи е одличен начин да се покаже недостаток на имагинација или разбирање.
Вашиот партнер лесно може погрешно да го протолкува ова и да сфати дека ви е како домаќинка, чистачка или градинар.
- Парфеми
Нечиј парфем или тоалетна вода после бричење е прашање на личен вкус. Ако купувате некои што веќе ги има, зошто да се мачите?
И, ако пробувате нешто ново – какви се шансите да купите нешто што навистина им се допаѓа?
Ако купите парфем што не го сакаат, дали ќе го користат од чувство на должност или ќе го сокријат некаде во фиока и ќе се чувствуваат засрамени?
- Бижутерија
Дали размислувате да се шегувате со бижутерија спакувана во кутија за накит? Такво нешто ефтино, навистина ќе го разочара вашиот партнер и вашата ‘шега’ ќе ви се врати многу лошо. Изберете накит само ако сте сигурни во вкусот на вашиот партнер и знаете дека тој би сакал такво нешто.
- Чоколадо
Чоколадите се одличен подарок ако навистина сакате чоколадо и ако купите нешто што покажува труд и размислување.
Мали и скапи можеби се добри – но избегнувајте да паѓате во „слаткиот“ дел во вашиот локален супермаркет или во стандардното пакување за Денот на вљубените, бидејќи таквите подароци се многу безлични.
- Цвеќиња
Цвеќињата изгледаат како безбедна опција, но токму тука лежи стапицата.
Некои цвеќиња од супермаркет или бензинска пумпа со лошо отстранети цени велат „Немам фантазија и не се замарав“.
Една исушена црвена роза вели: „Јас сум скржав“.
- Секс играчки
Ако веќе сте разговарале со вашиот партнер за тоа, сексуалната играчка може да биде одлична идеја. Ако не сте го сториле тоа, тоа би можело да биде погубно за вашата врска.
Ако купите вибратор, тоа може да биде како да му кажете на вашиот партнер „Ти си многу лош во сексот “.
Ако купите стимулатор на клиторисот за вашата девојка, таа може да биде воодушевена или ќе биде многу непријатно разочарана.
- Не помислувајте за плишани мечиња
Плишано срце или кои било други плишани суштества не се добра идеја. Се разбира, ако лицето со кое сте во врска е вистински фанатик во чија соба не можете да влезете пред да ја „добиете битката“ против полнетите животни расфрлани низ собата, тогаш слободно дајте и ја онаа што и недостасува во колекцијата (ако ја има воопшто). Во секој друг случај, плишаната играчка само ќе ви помогне да испратите порака без да кажете ниту еден збор „Не можев да мислам што да ти купам, па го зедов првото нешто што го видов“.