Орхидеите внесуваат убава енергија во домот, а изгледаат и многу декоративно. Сепак, често од дамите можете да слушнете дека не се лесни за одржување и дека брзо венеат. Но, доколку цветовите на вашата орхидеја ја загубат бојата, а листовите паднат, време е за пресадување, а со следниот трик таа постојано ќе цвета.
Причина за тоа е скапаниот корен кој ја изгубил својата виталност и тоа најчесто се случува поради претерано наводнување. Ако околу корените се формирал сунѓер, кои се целосно цврсти, тоа значи дека треба да внимавате на количината на вода што ја користите при наводнување.
Во тој случај, прво што треба да направите е да го исечете расипениот корен. После тоа, задолжително измијте ги и дезинфицирајте ги листовите на орхидејата.
За ова ќе ви треба лук. Придобивката од лукот е што ги убива сите болести и бактерии кои лесно се лепат на коренот на орхидејата, што го забрзува нејзиното распаѓање. Испасирајте едно чешне лук и измешајте го со малку вода, а потоа истурете ја само таа течност (без лук) во уште еден литар вода и натопете ја орхидејата со листовите 10 минути. После тоа, оставете добро да се исушат и коренот и листовите.
Се препорачува да се откинат гранките на цветот бидејќи коренот е веќе слаб, а листовите се меки.
Потоа земете пластична или стаклена чаша, важно е да е проѕирна, додадете малку вода и ставете ги листовите така што врвовите ја допираат водата додека стеблото е подигнато. Потоа земете уште една таква чаша, направете мали дупки одозгора и преклопете го растението за да добиете ефект на стаклена градина. Најдобро би било двете чаши да ги прицврстите со селотејп и да ги ставите во близина на прозорецот за растението да добие доволно светлина.
По 2 до 3 недели ќе ги забележите првите корени, а за 3 месеци треба да имате здрав и силен корен подготвен за садење. Ако веќе сте пробале вакви трикови и не успеале, причината веројатно е погрешното наводнување на новиот корен.
И еве како изгледа целиот процес на обновување на коренот: