Според традиционалната кинеска медицина, хроничните нарушувања на спиењето обично се предизвикани од нерамнотежа на Јин-Јанг, што е резултат на нарушување на протокот на енергија во вашето тело. Оваа енергија се нарекува Чи и се верува дека ја има насекаде на Земјата.
Кога сте во добра физичка кондиција, Чи слободно тече низ вашето тело, но ако имате здравствени проблеми, најверојатно ќе дојде до блокирање на Чи во одреден орган што може да ве разбуди во текот на ноќта.
Ако се будите помеѓу 23 и 1 часот по полноќ
Ова доба е поврзано со жолчното кесе. Овој орган ги разградува мастите кои сте ги внеле во вашето тело во текот на денот. Будењето во ова време значи дека јадете премногу тешка и премногу мрсна храна и време е да ги промените вашите навики во исхраната.
Исто така, будењето во ова време може да значи и дека негувате негативни емоции како што се горчина, лутина и осудување кон себе и/или другите. Вашите или туѓите грешки ве одржуваат будни.
Ако се будите помеѓу 1 и 3 часот по полноќ
Во тоа време, телото го освежува црниот дроб, кој е чистач на нашиот организам. Будењето во ова време од ноќта може да значи дека вашиот црн дроб е преоптоварен и работи понапорно. Вашето тело ве предупредува да ја промените исхраната и да го намалите внесот на алкохол.
Исто така, будењето во овој момент е поврзано со негативни емоции како лутина, бес и вина кои не ви дозволуваат да се опуштите.
Ако се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро
Овој период од денот е поврзан со белите дробови, кои собираат кислород, го испраќаат до други органи и го подготвуваат телото за новиот ден. Во тоа време се чистат белите дробови. Ако се разбудите помеѓу три и пет наутро, тоа може да биде знак дека вашите бели дробови се преоптоварени со загаден воздух или порок како цигарите, но и со тешка храна.
Слично на тоа, будењето во овој момент е поврзано со чувства како тага и жалење, што може да значи дека нешто негативно и депресивно се случило во вашиот живот, што не сте го прифатиле или решиле целосно.
Ако се будите помеѓу 5 и 7 часот
Овој пат се поврзува со дебелото црево кое потоа се чисти и обновува. Овој процес е многу важен за целиот организам, а будењето во овој момент може да значи дека телото е дехидрирано и дека му недостасуваат течности.
Во однос на емоциите, будењето помеѓу 5 и 7 часот наутро е поврзано со чувство на нетрпеливост, празнина и несигурност. Тоа може да значи и дека ви недостасуваат промени, движење и самоподобрување во вашиот живот.