Според експертите за фенг шуи, некои работи не треба да се носат во чанта, бидејќи привлекуваат сиромаштија. Затоа, веднаш исфрлете од чантата се што не ви треба, бидејќи нема причина секојдневно да носите ѓубре со себе (стари хартии, белешки, марамчиња, сметки, пакувања од изедени бонбони и чоколади итн.). Организирајте ја вашата чанта со распоредување на вашите предмети во прегради или несесери доколку немате џебови внатре. Се верува дека редот во чантата ќе донесе и уредување на вашата финансиска состојба.
Стуткани пари
Расфрлани и стуткани пари никогаш не треба да се чуваат во торба, туку исклучиво во паричник. Според фенг шуи, парите расфрлани во торбата создаваат финансиски хаос во вашиот живот и постојан недостаток на пари.
Стари картички што не ги користите
Фрлете ги старите банкарски картички, разни искористени подарок картички, членски карти и слично затоа што повеќе не ви се потребни. Доколку овие картички се неупотребливи, оштетени или истечени, според фенг шуи, тие го блокираат доаѓањето на нови пари.
Стари сметки
Сметките се потсетници за трошоците кои можат да го блокираат доаѓањето на нови финансиски приливи. Затоа веднаш исфрлете ги старите сметки од вашиот паричник. Истото важи и за сите непотребни хартии, како белешки, списоци, билети за кино и слично. Вашата чанта треба да биде место за нови можности, а не за минатото.
Стари амајлии
Многу жени носат амајлии во своите чанти. Ако веќе не се усогласени со вашите цели, фрлете ги. Набавете нова амајлија која одговара на вашата моментална животна ситуација или едноставно фрлете ја ако мислите дека повеќе не генерираат позитивна енергија за вас, советуваат експертите за фенг шуи.