Ако страдате од покачен холестерол, вклучете ги овие 10 намирници во вашата исхрана

popara5 март, 20241min00
Screenshot_3

Ако вклучите храна во вашата исхрана која може да влијае на контролата на холестеролот, сте направиле многу, тврдат експертите на health.harvard. Причините за висок холестерол во крвта може да бидат многубројни – на пример, јадењето премногу храна со висока содржина на холестерол, заситени масти и транс масти може да го зголеми ризикот од развој на висок холестерол.

 

 

 

 

Прекумерната тежина и дебелината исто така може да го зголеми вашиот ризик. Други фактори на животниот стил кои можат да придонесат за висок холестерол се неактивноста и пушењето.

Вашата генетика може да влијае и на вашите шанси за развој на висок холестерол.

 

Намалете го холестеролот со помош на овие намирници:

Храната ќе има различни ефекти врз холестеролот, некои ќе нудат влакна, а некои ќе нудат здрави масти кои директно ќе влијаат на намалување на нивото на холестерол. Еве што да изберете.

 

  1. Овес

Едноставен прв чекор е консумирањето на оваа храна. Покрај тоа што е богат со протеини важни за производство на телесна енергија, овесот е одличен извор на „добри“ јаглехидрати кои помагаат во балансирање на нивото на шеќер во крвта. Има и влакна кои ќе го намалат лошиот холестерол. Во оброкот можете да додадете банана.

 

  1. Јачмен

Како и овесот, така и оваа намирница е одлична за спречување на болести на кардиоваскуларниот систем, најмногу поради количината на влакна што ги нуди.

 

  1. Леќата

Полни со растворливи влакна, им треба подолго време за да се сварат, што значи дека ќе бидете сити долго време, па затоа е одлична храна за сите кои се на диета. Постојат многу начини на кои можете да ги подготвите, затоа поиграјте си ги рецептите.

 

  1. Модар патлиџан и бамја

Овие намирници се одличен извор на растворливи влакна и не содржат многу калории, затоа јадете ги што почесто.

 

  1. Јаткасти плодови

Бадемите, оревите и другите јаткасти плодови се одличен начин за намалување на ЛДЛ „лошиот“ холестерол, а нудат и дополнителни хранливи материи кои можат да го заштитат здравјето на срцето. Можете да ги додадете во различни оброци или ужина кога сте гладни.

 

  1. Јаболка, грозје и агруми

Ова овошје е полно со пектин, еден вид растворливи влакна кои ќе делуваат на намалување на покачениот холестерол.

 

  1. Соја

Ако јадете соја или храна направена од неа, мора да знаете дека тие се моќно оружје во борбата против зголемениот холестерол. Истражувањата покажуваат дека само 25 g соја дневно може да го намали холестеролот за 6 проценти.

 

  1. Масна риба

Ако јадете риба два или три пати неделно, можете да го намалите холестеролот. Ако месото сте го замениле со риба, во организмот внесувате омега 3 масти кои ќе го заштитат здравјето на срцето и ќе го спречат развојот на аритмии.

 

  1. Маслиново масло

Повеќето стручњаци истакнуваат дека маслиновото масло, особено девственото, е многу корисно бидејќи содржи олеинска киселина, незаситена масна киселина, која е најзастапена во овој вид на масло и која има ефект на намалување на воспалението.

 

  1. Додатоци кои нудат влакна

Иако секогаш е пожелно да се внесуваат сите потребни хранливи материи и витамини преку храната, можете да користите додатоци во исхраната кои ги содржат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag