Актерката Кортни Кокс се присети на последната епизода од „Пријатели“, постираше емотивна објава!

popara10 мај, 20241min00
Screenshot_3

Актерката Кортни Кокс на својот Инстаграм профил сподели објава по повод последната епизода од серијата „Пријатели“, која била емитувана пред 20 години.

 

 

 

„Поминаа 20 години од финалето на серијата „Пријатели”. Не знам како успеавме да изглумиме низ сите тие солзи. Засекогаш ќе бидам благодарна”, напишала актерката под клипот од серијата.

 

Серијата се прикажуваше од 1994 година и имаше 10 сезони, а се уште е омилена на многумина.

 

ОБЈАВАТА НА КОРТНИ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Култната серија повторно доби дел од својата популарност по смртта на Метју Пери, кој почина минатиот октомври на 54-годишна возраст од ефектите на кетамин и давење.

 

„Сите сме целосно уништени од загубата на Метју. Бевме повеќе од колеги. Ние сме семејство“ – тогаш изјавија актерите на „Пријатели“.

 

Можеби некои не знаат дека составот на „Пријатели“ за малку ќе се распаднел во 1997 година, но Мет Лебланк ја спасил ситуацијата. Лиза Кудроу сакала да си замине откако три години глумела во серијата.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma