Судијката Мери Марлоу Сомер од Ново Мексико изненадно го отфрли обвинението против Алек Болдвин за убиство од небрежност и рече дека постапката не може да биде повторно покрената.
Таа го отфрли случајот поради недоличното однесување на полицијата и обвинителот поради прикривање докази на одбраната. Како што е познато, Болдвин ја застрела и ја усмрти снимателката Халина Хачинс во 2021 година на сетот на филмот „Rust“. Тој не знаел дека во пиштолот имало вистински куршуми.
„Доцното откривање на доказите за време на судењето ја попречи фундаменталната правичност на постапката“, рече меѓу другото Марлоу.
По оваа одлука, Болдвин паднал во прегратките на сопругата Хиларија и се расплакал. Потоа, тој им се заблагодарил на своите адвокати и го напуштил судот без да разговара со претставници на медиумите.
Кариерата на Болдвин беше доведена во прашање, а поради споменатото дело му се закануваше затворска казна до 18 месеци.
Тој и другите продуценти сè уште се соочуваат со тужби поднесени од семејството на Халина