Откако „The Bear“ освои награда за најдобра хумористична серија на доделувањето на „Еми“, ѕвездата на серијата Ебон Мос Бахрач го бакнал колегата Метју Метисон додека ја примал наградата.
Метју одржал говор во којшто им оддал чест на оние во реалната индустрија која серијата ја прикажува на екранот, а пред да им се обрати на присутните добил „страстен бакнеж“ од колегата.
„Сакам само да им се заблагодарам на рестораните во целина, угостителството во целина“, рекол актерот, па додал: „Јас едноставно ги сакам рестораните“.
Тој додал дека секој ден мора да се појават да готват и да ги направат луѓето да се чувствуваат добро така што ќе седнат на масата и ќе јадат нешто добро.
Matty Matheson and Ebon Moss-Bachrach share a kiss on stage after #TheBear wins the award for Outstanding Comedy Series at the #Emmys pic.twitter.com/lHT3Iu8ffd
— The Hollywood Reporter (@THR) January 16, 2024
„Успеваме да направиме луѓето да се чувствуваат добро или исполнетo, но ова навистина е неверојатно. Прекрасна актерска екипа. Тоа е тешка работа“, додал.
Во салата за медиуми, актерите говореле и за комичниот момент на бакнежот.
„Беше прекрасно“, рекол Метју.
„Беше убаво“, се согласил Мос Бахрач, па се пошегувал: „Беше замаглено, имав отворени очи, мислам дека Метју имаше затворени очи. Времето запре, не знам колку години поминаа“.