Актерот Џон Крајер, кој ја толкуваше улогата на Алан Харпер во серијата „Два и пол мажи“, денес изгледа сосема поинаку, во споредба со тоа како изгледал кога глумел во серијата.
Американскиот актер, продуцент, сценарист и режисер Џон Крајер е најпознат по улогата на Алан Харпер во серијата „Два и пол мажи“, за која освои две Еми награди.
Го гледавме во сите 12 сезони на популарниот ситком, кој се емитуваше од 2003 до 2015 година, и тој е единствениот од актерската екипа што се појавува во секоја од 262 епизоди.
Заработувал околу 550 илјади долари по епизода, а денес неговото богатство се проценува на околу 70 милиони долари.
Додека сè уште глумеше во серијата, поточно во 2013 година, Крајер почна да ја губи косата, која беше покриена на различни начини за потребите на снимањето, од спрејови во боја и перики.
Сепак, во последниве години тој целосно ја прифати својата ќелавост. По „Два и пол мажи“ оствари забележителна улога во серијата „NCIS“ каде го играше доктор Кирил Тафт, а во неколку серии се глумеше и самиот себе. Неговата последна улога беше во серијата „Проширено семејство“, каде што беше и извршен продуцент.
Кога претходно оваа година се појавија гласини за повторно снимање на „Два и пол мажи“ со оригиналната екипа, Крајер рече дека повеќе не сака да се занимава со Чарли Шин, кој го играше неговиот постар брат Чарли Харпер.
„Во времето кога го снимавме „Два и пол мажи“, Чарли беше најплатениот актер на телевизија. Сепак, тој успеа да го упропасти сето тоа, што ве тера да се запрашате. Го сакам, му посакувам се најдобро, но не можев повеќе да работам со него“, изјави тој за „The View“.
Имено, Шин во 2011 година бил принуден да го напушти „Два и пол мажи“ поради чудни испади во јавноста и навреда на продуцентот на серијата, по што се пријавил на рехабилитација од дрога и алкохол. Него во серијата го замени Ештон Качер.
„Чарли сега е многу подобар, што е прекрасно. Тој и јас не разговаравме неколку години, но мило ми е што е подобар“, додаде Крајер, кој претходно во едно интервју изјави дека тој и Шин имале одлични односи на на почетокот на снимањето на серијата, но работите се искомплицирале кога Шин почнал да се дрогира.
Што се однесува до приватниот живот, актерот од 2007 година е во брак со новинарката Лисон Џојнер, со која ја има ќерката Дејзи, додека со поранешната сопруга, актерката Сара Тригер го има и синот Чарли Остин.