Иако повеќето жени уживаат во бакнежи, синдромот на алергија на бакнеж навистина постои.
Сите понекогаш се разболуваат поради своите најблиски. Меѓутоа, ако се борите со необјаснети симптоми, причината може да биде вашиот партнер.
Д-р Чун Танг, општ лекар, објасни за The Sun дека „иако можеби не сте алергични на вашиот партнер, супстанциите и факторите што тој ги внесува во вашата околина секако може да влијаат на вашето здравје.“
Еден необичен проблем, чија причина може да биде вашиот партнер, е алергијата на бакнежи.
Иако повеќето жени уживаат во бакнежите, синдромот на алергија на бакнеж навистина постои, пренесува Net.hr.
Абас Канани, главен фармацевт во Chemist Click Pharmacy, објаснува дека „оваа алергиска реакција може да биде предизвикана од бакнеж – ако вашиот партнер јадел храна, земал лекови или други супстанции на кои сте алергични.“
Тој додава дека тоа „може да предизвика оток и чешање на усните, јазикот или грлото, осип во устата, гадење, повраќање, па дури и во многу тешки случаи анафилакса опасна по живот која бара итна медицинска помош.“
Третманот за оваа алергија се спроведува со користење на антихистаминици без рецепт, кои можат да помогнат во справувањето со благите симптоми.
Важно е да разговарате за какви било алергии со вашиот партнер за да избегнете консумирање познати алергени пред да се бакнувате.