Американската актерка и пејачка Зендаја Колман не престанува да ја воодушевува јавноста со сè што прави, но и со начинот на кој се облекува

popara2 февруари, 20247min00
Зендаја

Ѕвездата на глобално популарната серија „Еуфорија“, заедно со останатиот дел од актерската екипа од претстојниот филм „Dune :part two“, деновиве гостуваше во емисијата на Џими Кимел. Иконата на американскиот стил состави смел стајлинг за оваа пригода, во кој црните кожни парчиња ја играат главната улога.

Оваа зима се носат парчиња од вештачка кожа, а доколку сеуште се сомневате во комбинирањето на кожна облека, најновиот стајлинг на актерката Зендаја дефинитивно ќе ве натера да ги додадете овие смели, но во исто време шик и елегантни модни парчиња во вашата колекција .

Убавата 27-годишна актерка фрли се во втор план појавувајќи се пред студиото на шоуто „Jimmy Kimmel Live“ во кожен комплет со кој на заводлив начин се истакна.

 

Плисираните панталони со долги ногавици и кошула која во долниот дел се шири се изработени од латекс на луксузниот бренд The ​​Attico. За да даде доза на сексипил, Зендаја реши да ја откопча кошулата до папокот, ставајќи ја својата витка фигура во преден план.

Храбриот изглед го комплетираше со црни салонки од Christian Louboutin и накит на луксузниот бренд Bvglari.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma