Потребно е:
300 гр брашно
225 гр ладен путер
100 ml ладна вода
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
За полнење:
6-8 јаболка
1 чаша шеќер
1 лажица сок од лимон
3 лажици пченкарен скроб или брашно
1 лажичка зачини (цимет, морско оревче, мелен ѓумбир)
Подготовка:
Измешајте брашно, путер, вода, сол и шеќер и замесете тесто. Поделете го на 2 дела, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер еден час. Посебно измешајте ги јаболката, шеќерот, сокот од лимон, брашното и зачините. Расукајте половина од тестото со сукало и префрлете го во плех обложен со хартија за печење. Одозгора ставете го филот со јаболка, а потоа исечканите коцки путер. Над филот ставете ја другата развлечена половина од тестото. Засечете ја кората за да не пукне при печењето. Печете ја питата 15 минути во загреана рерна на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 170 степени и печете уште 40 минути.