АНГЛИСКА ДИЕТА: Едноставен начин да се ослободите од вишокот килограми

popara26 септември, 20241min00
Screenshot_5

Се губи до 10 кг. При не толку строго придржување кон диетата може да се намалат 5 – 6 кг.

 

 

 

Оваа диета спаѓа меѓу оние строгите и затоа е неопходно за време на спроведувањето да се земаат мутливитамини.

Најдобро е да се спроведува еднаш годишно бидејќи на еден начин претставува стрес за организмот.

Во што се состои диетата:

1 – 2 ден

Појадок: чаша млеко и кришка леб

13 часот: чаша млеко

16 часот: чаша млеко и 1 кришка леб

19 часот: чаша млеко

Пред спиење: една чаша сок од домати

3 – 4 ден

Појадок: кафе со млеко (без шеќер), 1 кришка леб, 1/2 лажичка маргарин, 1/2 лажичка мед.

13 часот: чаша супа од месо или риба, 150 – 200 г варено месо или риба, 2 лажици варен грашок, 1 кришка леб

16 часот: една чаша млеко или чај, 1/2 лажичка мед

19 часот: 2 тврдо варени јајца или 50 г кашкавал или месо (риба), или посна шунка, или чаша млеко, 1 кришка леб.

5 – 6 ден

Појадок; 2 портокали или две јаболки

13 часот: супа од зеленчук (без компири) со 1 лажица масло, салата со масло, 1 кришка леб

16 часот: овошје, но не и банани

19 часот: салата, 1/2 лажичка мед, една шоља чај

Потоа започнува циклусот на повторување до 21 ден.

При тоа можете да направите извесни измени. На пример првите два дена да останат исти, а 3, 4, и 5 и 6- от ден да се заменат, т.е. наместо 3 и 4 ден да се користи менито за 5 и 6 ден (за да има разноликост во исхраната).

Совети:

  • Во млечните денови не мора да се јаде леб.
  • Во деновите кога имате месо или риба менито е доста богато па избирајте помалечки порции.
  • Ако не сакате грашок не го јадете.
  • Земањето храна во одредено време можете да го адаптирате како што вам ви е згодно. На пример ручекот наместо во 13 часот можете да го поместите подоцна или порано.

 

Како да излезете од диетата?

Кога ќе ја завршите диетата најдобро е постепено да излезете од неа користејќи го млечниот ден.

Пожелно е да се придржувате до времето за земање одреден оброк. Тоа ќе помогне да се дисциплинирате £ себе £ организмот, додека не ги постигнете саканите резултати.

А ако се придржувате до строгите термини на хранење тоа може да помогне во симнувањето на тежината со уште некој килограм.

 

Испробани диети

На нашите страници ќе објавуваме диети од читателки кои постигнале одредени резултати во намалувањето на килограмите благодарение на некоја диета. Во денешниот број ја донесуваме “Англиската диета од 21 ден” инаку испробана од Тања која за 21 ден истопила дури 9,7 кг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag