Џенифер Анистон се појави на црвениот тепих само два месеца откако беше фотографирана надвор од клиниката за пластична хирургија со пријателката Сандра Булок.
Анистон на еден настан привлече внимание со своето модно издание, но и со изгледот на лицето.
55-годишната ѕвезда од серијата „Friends“ пристигна во студиото Paramount во Лос Анџелес во црвен фустан кој одлично ја истакна нејзината фигура.
Фустанот имаше цветни дезени, а целиот аутфит го искомбинира со сандали со отворени потпетици и синџир со црвен рубин кој го красеше нејзиното деколте.
Сепак, нејзините обожаватели на интернет коментираат дека нејзиниот изглед на лицето е многу променет и дека пластичните корекции не се добар избор за неа.
За потсетување, „The Retreat At Split Rock“ во Конектикат е специјализиран за стручно подигнување на лицето, чија цена се движи од околу 50 до 100.000 долари по третман, како и подигнување веѓи и очи, што чини приближно 30.000 долари.