Денеска започнува 81. издание на Венецијанскиот филмски фестивал, кој ќе трае до 7 септември. Голем број светски ѕвезди од светот на филмот и забавата пристигнаа во Венеција, каде денеска ќе се случи свеченото отворање на овој престижен филмски настан.
Американската актерка Анџелина Џоли ќе го претстави својот филм „Марија“ („Maria“). Станува збор за биографска драма, во режија на Пабло Лоран и сценаристот Стивен Најт, во која Џоли ја игра улогата на оперската дива Марија Малас.
Овој филм е последниот дел од биографската трилогија на Ларен за легендарните жени, која започна со филмот „Џеки“ („Jackie“) за Жаклин Кенеди . Вториот дел беше филмот „Спенсер“ („Spencer“) за принцезата Дијана, а трилогијата завршува со филмот за Калас, во кој Џоли, судејќи по комплиментите на режисерот, ја оствари животната улога.
Актерката одлично расположена ги поздрави претставниците на медиумите и фотографите кои се собраа пред аеродромот Марко Поло.
Иако вчера во Венеција беше доста топло, а дневната температура достигна 32 целзиусови степени, Џоли носеше облека која е посоодветна за малку посвежи есенски денови. Под беж капутот со кратки ракави имаше горен дел во светла боја, кој го искомбинира со лелеаво црно миди здолниште. Комбинацијата ја дополни со високи црни чизми, а носеше и кожна чанта од модната куќа „Диор“.