Анџелина Џоли со синот на црвениот тепих: Него јавноста ретко го гледа

popara18 ноември, 20241min00
7db7e68802b26dd6b42c7e92a16560892b62fc59

16-годишното момче, кое Анџелина го дели со поранешниот сопруг Бред Пит, се најде во центарот на вниманието за прв пат по повеќе од три години. Анџелина (48) зрачеше со грациозност и гламур во сончев жолт фустан додека чекореше по црвениот тепих со својот син. Нокс беше елегантен во класичен црн костум и вратоврска.

Неговото последно појавување на црвениот тепих беше во октомври 2021 година, кога им се придружи на своите браќа и сестри на лондонската премиера на филмот на Анџелина за Марвел, “Eternals”.

И покрај тоа што има двајца од најпознатите родители во Холивуд, Нокс и неговите браќа и сестри во голема мера останаа подалеку од центарот на вниманието.

– Тие се особено срамежливи, многу приватни и сакаат да бидат приватни – изјави актерката за своите деца во интервју за Е! во октомври.

Медокс (23) и Пакс (20) неодамна работеа зад сцената на претстојниот биографски филм на Анџелина „Марија“, во режија на Пабло Лареин, додека близнакот на Нокс, Вивиен е активна во театарот како асистент продуцент за адаптацијата на Бродвеј „Оutsiders“, проект чиј продуцент е Анџелина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag