Летото секогаш со себе носи некои нови трендови во убавината, а не ги заобиколуваат ниту маникирите. Во денешно време на социјалните мрежи се создаваат трендови, а овие денови се преполни со „Aperol spritz“ маникири.
Инспирирани од омилениот летен пијалок, овие нокти доаѓаат во различни нијанси на портокалова боја, совршено истакнувајќи го исончаниот тен и создавајќи го тој вистински, летен впечаток.
Од светли пастелни тонови до длабоки и живописни, тие создаваат визуелен ефект кој потсетува на зајдисонце и блескави летни вечери. Овој маникир не само што е естетски привлечен, туку одлично се вклопува и со исончаниот тен, а жените истакнуваат дека тоа е една од најголемите предности на овој ефикасен маникир.
И токму затоа корисниците на социјалните мрежи го прифатија овој тренд. Ноктите Aperol Spritz ги воодушевија љубителите на минимализмот, но и жените кои сакаат да експериментираат со летниот маникир.
Затоа, на социјалните мрежи можеме да најдеме едноставни примери во различни нијанси на портокал, но и такви кои вклучуваат сјај или парче портокал.
Доколку ви се допаѓа овој весел и префинет маникир, погледнете ја галеријата подолу и пронајдете инспирација што можете да ја покажете во вашиот омилен салон.